Почетна » Новости » Занимливости » „Никогаш не ѝ имам речено лош збор“: Миле (101) и Јулија (95) се венчаа во Скопје и се во брак 73 години

„Никогаш не ѝ имам речено лош збор“: Миле (101) и Јулија (95) се венчаа во Скопје и се во брак 73 години

Миле и Јулија Кнежевиќ имаат брак со кој се гордеат и се пример за тоа како треба да изгледаат сложни сопружници.

101-годишниот маж и 95-годишната жена од Хрватска стапија во брак пред 73 години во Скопје и сè уште ги негуваат љубовта и почитта еден кон друг.

Миле и Јулија

Својата љубовна приказна тие ја раскажаа во интервју за HRT, откривајќи дека кога се венчале, како сведоци ги имале само нивните кумови.

„Ова е нашата прва фотографија од венчавката. Ние имавме само кумови. Никој не беше со нас. Кога се заврши церемонијата, отидовме сами во Домот на армијата. Се венчавме во Скопје, а потоа се почестивме со кафе и колач. Потоа отидовме дома, а за ручек нè повика кумата на грав. Јадевме само грав и ништо друго. Ние веќе имавме стан, сопругот го доби. Отидовме дома да одмориме и како што знаете веќе, да водиме љубов. Што друго да правиме?“ – вели Јулија.

Миле и Јулија Миле и Јулија

Парот признава дека живееше тежок живот, но полн со слога и разбирање. „Живеевме тежок живот, бевме сами. Од никого ништо не добивме. Кумот ни подари канта за вода, а од другите ништо и живеевме така скромно. Тие веќе беа во брак и имаа деца. Нас таа среќа нè заобиколи, па не добивме деца“ – дополнила Јулија.

Миле и Јулија

Миле тврди дека никогаш не ја навредил Јулија и дека не ѝ кажал лош збор.

„Не се сеќавам во овие 73 години заеднички живот да ѝ кажав лош збор. А уште помалку да кренам рака“ – рекол тој.

Тие ги решаваат сите проблеми со разговор и разбирање.

Миле и Јулија Миле и Јулија

Видео:

Фотографии и видео: HRT Vijesti

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24967 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.