Почетна » Новости » Занимливости » Специјално значење: Татко сам го направи прстенот со кој неговата ќерка беше запросена од саканиот

Специјално значење: Татко сам го направи прстенот со кој неговата ќерка беше запросена од саканиот

Многу моменти и гестови во животот се паметат засекогаш.

Татко, кој е златар, самиот го изработи вереничкиот прстен на својата ќерка. Заедно со идниот зет го осмислија дизајнот и изгледот на прстенот, а потребен му бил еден месец за да го создаде совршениот прстен за нив.

Тој дури и го имал задоволството да биде сведок на романтичното запросување.

Предлог за брак

Идната невеста Брајс Шеринг со саканиот Досон биле на патување во Аризона, кога ним им се придружиле нејзините родители.

Откако се вратиле од јавање коњи на зајдисонце, Досон клекнал на едно колено и со солзи во очите ѝ го поставил судбоносното прашање на саканата Брајс.

Предлог за брак

Прстенот е изработен од 18 каратно бело и жолто злато и голем дијамант. Видеото од моментите на изработка го објави среќната Брајс, која отсекогаш сонувала нејзиниот татко да ѝ го дизајнира свршеничкиот прстен.

„Досон се преправаше дека ми предлага брак неколкупати во изминатите месеци. Па, прво мислев дека повторно го прави истото. И тогаш, имаше солзи во очите, го извади прстенот и јас си помислив ‘Ох, Боже.’“

„Бев преплавена од емоции и оттогаш не можам да престанам да гледам во прстенот. Толку е убав, уникатен и совршен за мене. Го обожавам“ – изјавила Брајс.

Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак
@brycesherring No words to describe how special this is. •Website: sherringjewellers.net (Fill out contact form) •Instagram: sherringjewellers #goldsmith #jewelry #engagement #engagementring ♬ original sound - Bryce Sherring

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23487 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.