Лејди Гага однесе гламур на сивиот тепих на доделувањето на SAG Awards.
На синоќешната манифестација во Санта Моника, 35-годишната пејачка изгледаше занесно во бел фустан со отворено деколте од Армани.
На свеченоста, Лејди Гага се сретна со Бредли Купер со кого глумеше заедно во филмскиот хит „A Star Is Born“. Славните актери позираа заедно пред фоторепортерите.