Бредли Купер е прогласен за најсекси маж за 2011 од списанието People. Згодниот актер со своите сини очи и широка насмевка успеа со леснотија да ја освои титулата.
Но, уредниците на списанието тврдат дека Бредли не е избран само поради неговата надворешност. „Тој е многу повеќе од само згоден маж. Тој зборува француски, готви... вози мотор и сè уште отвора врати за жените“ – изјавила една од уредничките.
„Мислам дека е навистина кул што некој како мене кој не личи на модел може да ја има оваа титула. Мислам дека изгледам пристојно. Понекогаш изгледам одлично, а понекогаш ужасно“ – изјавил Купер.
Списанието пишува дека има уште една причина за да го сакаме овој актер, а тоа е неговата блискост со мајка му. Бредли признал дека првото нешто што му паднало на ум кога дознал дека е прогласен за најсекси маж е: „Мајка ми ќе биде толку среќна“.
Неодамна имаше гласини дека Бредли е во врска со Џенифер Лопез, но во интервју за списанието тој открил дека неговиот љубовен статус е сингл.
Од претходните носители на титулата „Најсекси маж“, 14 имале кафеава коса, а најголем дел од нив имале сини очи.