Почетна » Новости » Занимливости » Четворката од Штип ги направи првите чекори: Леонтина, Михаил, Теодор и Ведран сега среќно играат низ домот

Четворката од Штип ги направи првите чекори: Леонтина, Михаил, Теодор и Ведран сега среќно играат низ домот

Дечињата на Благица и Александар Зикови ги направија првите чекори и сега среќно трчаат низ нивниот дом во Штип.

Гордите родители, кои добија четворка по четири години неплодност, ја споделија веста дека проодеа едногодишните Леонтина, Михаил, Теодор и Ведран. Тие објавија видео од нивната игра со топки.

„Чекор напред, чекор назад, денес овие мали дечиња радосно проодуваат!“

„Кон прегратка, кон насмевка, кон гушкање пружат рачиња и цврсто и сигурно ги прават ПРВИТЕ ЧЕКОРЧИЊА. Лесни чекорчиња. Михаил, Леонтина, Теодор и Ведран“ – стои во описот на видеото и фотографијата од колачиња за првите чекорчиња.

Леонтина, Михаил, Теодор и Ведран Леонтина, Михаил, Теодор и Ведран

Благица и нејзиниот сопруг Александар ги добија дечињата со инвитро оплодување. За Femina.mk, тие открија дека посакувале две дечиња, но дека двете оплодени јајце клетки кои биле пренесени во матката се разделиле на четири ембриони.

„Четири години се боревме со неплодност. Првото инвитро ни беше неуспешно и по две години пак се одлучивме да пробаме. Се решивме да одиме да пробаме надвор од државата. Ја избравме Турција како најдобра држава кога е во прашање здравството. Посакувавме две дечиња близначиња и затоа ни вратија две оплодени јајце клетки, но мајка природа, Господова желба ни подари уште две мали сонциња. Понекогаш потајно си размислував дека можат да се разделат на повеќе ембриончиња, но не бев ни свесна дека ова чудо ќе се случи нас. Како што велат постарите: ‘Ако желбата ти е голема, Господ ти подарува’“ – сподели Благица.

Иако веста дека ќе имаат четири бебиња била изненадување за нив, среќата била неизмерна, а чувството волшебно.

„Тоа чувство не може да се опише со зборови. Волшебно нешто. Прекрасно, радосно, необјасниво чувство, само си реков во себе: ‘Ти благодарам Боже за овој дар што ми го подари да станам мајка на четири дечиња истовремено’“ – изјави среќната мајка.

Леонтина, Михаил, Теодор и Ведран Леонтина, Михаил, Теодор и Ведран

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23487 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.