Златниот пар на Холивуд подготвува нов филм. Анџелина Џоли и Бред Пит се во преговори за снимање на нов заеднички филм.
Сценариото за филмот е напишано од Џоли, но не е познато за кој жанр станува збор.
38-годишната актерка и нејзиниот 50-годишен свршеник беа ѕвезди во филмот „Mr. & Mrs. Smith“, кој ги зближи и зад камерите пред девет години.
Најновиот филм на Џоли е „Maleficent“, чија премиера е закажана за 30 мај. Привлечната актерка работи и на филмот „Unbroken“, кој ќе биде прикажуван во кино салите кон крајот на годината.
Последниот филмски проект на Пит е „Fury“, драма која обработува теми од Втората светска војна.