Тејлор Свифт често пее за раскинувања и лоши врски, но со баладата „Begin Again“ таа ѝ дава втора шанса на љубовта.
Во спотот за „Begin Again“ 22-годишната пејачка пронаоѓа нова љубов во кафуле во Париз. Видеото ни дава прекрасен поглед на градот на светлината, па токму поради тоа Тејлор го опишува како „љубовно писмо за Париз“.
Успешната пејачка во моментов активно го промовира најновиот студиски албум „Red“.