Роби Вилијамс го објави спотот за песната „Go Gentle“, за која откри дека е инспирирана од неговата мала ќерка Теодора Роуз Вилијамс.
39-годишниот пејач изјави дека „Go Gentle“ е ветување кон малата Теди дека секогаш ќе биде покрај неа. „Go Gentle е ветување кое ѝ го давам на мојата ќерка. Беше напишана кога таа пристигна на планетава. Јас бев себична поп-ѕвезда во текот на најголемиот дел од мојот живот, а потоа, одненадеж требаше да се грижам за оваа цела личност. Сè уште се плашам дека не ме бива за задачата. Добро се справувам со улогата на татко, но е страшно, мораш да се грижиш за таа личност во текот на целиот живот“ – изјавил Вилијамс.
Во спотот Роби е капетан кој „плови“ на дрвен брод низ улиците на Лос Анџелес.
„Go Gentle“ е дел од новиот албум на Роби, „Swings Both Ways“.