Комплетниот состав на групата Take That се појавува во нивниот прв спот по 15-годишна пауза. Видеото е за песната „The Flood“, којашто е водечка во нивниот нов албум „Progress“.
Во спотот, Роби Вилијамс заедно со Гери Барлоу, Хауард Доналд, Џејсон Оринџ и Марк Овен се облечени во бели униформи, влегуваат во чамец со пет седишта и се натпреваруваат против друг тим.
„Им беше кажано да веслаат како професионалци. Мислам дека им беше тешко... Роби и момците се справија многу добро. Беше како во старите добри времиња. Се шегуваа и им беше забавно“ – пишува британскиот таблоид Sun.
Погледнете го спотот.