Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Роби Вилијамс и Ајда Филд го очекуваат своето прво дете

Роби Вилијамс и Ајда Филд го очекуваат своето прво дете

Роби Вилијамс ќе стане татко за првпат и не може да ја сокрие радоста. 38-годишниот пејач соопшти дека неговата сопруга Ајда Филд е бремена.

Познатата музичка ѕвезда среќната вест ја објави на својот блог и откри дека плачеле кога направиле преглед со ултразвук.

Ајда и РобиАјда и Роби на својата свадба

„Чував тајна од сите вас... Јас и Ајда ќе станеме мајка и татко оваа година... Имавме секс! Ни успеа! Видовме скенирања и плачевме... Ни се насолзуваат очите кога гледаме бебиња во реклами... Детската соба веќе е испланирана... Заљубен сум во малата личност што расте во стомакот на мама... Едвај чекам да бидам татко... Плачам во моментов...“ – напиша Роби.

Роби се ожени со 32-годишната Ајда во август 2010 година. Претходно беа во врска четири години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20941 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.