Роби Вилијамс сними прекрасен дует со неговиот колега од „Take That“, Гери Барлоу. По пауза од 15 години, кога Роби ја напушти популарната група, ова е првиот пат двајцата пријатели да работат заедно.
Синглот „Shame“ ќе биде дел од новиот албум на Роби со најголемите хитови „In And Out Of Consciousness“ што треба да излезе на 11 октомври.
„Take That“ заедно со Роби Вилијамс планираат да се вратат на музичката сцена во ноември со нов албум, но не се знае колку долго ќе трае нивната соработка.