Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Изненадување! Роби Вилијамс и Ајда Филд открија дека добија ќеркичка преку сурогат-мајка

Изненадување! Роби Вилијамс и Ајда Филд открија дека добија ќеркичка преку сурогат-мајка

Роби Вилијамс и Ајда Филд го добија своето трето дете со помош на сурогат мајка.

Среќните родители пред еден час ја објавија веста на профилот на Ајда на Instagram.

Роби Вилијамс и Ајда Филд

Тие споделија фотографија од рацете на сите пет члена од нивното семејство, а во описот напишаа:

Роби Вилијамс и Ајда Филд

Гледам со моето мало око уште едно мало раче.

Чувавме многу специјална тајна! Со одушевување споделуваме со вас дека добивме ќеркичка... добредојде на свет Колет (Коко) Џозефин Вилијамс!!

Патот дотука беше долг и тежок и поради тоа го држевме ова во тајност.

Семејството доаѓа во секакви форми, а оваа мала дама, која биолошки е наша, беше носена од неверојатна сурогат-мајка, на која ѝ сме бескрајно благодарни. Пресреќни сме што го добивме ова прекрасно бебенце во нашите животи и благодарни сме што живееме во свет што ни го овозможи ова.

Како и за Теди и Чарли, ве замолуваме да ја почитувате приватноста на Коко и да ни дозволите да се прилагодиме на нашиот нов тим од 5 члена. #ТимВилијамс

View this post on Instagram

I spy with my little eye an extra little handSo we have been keeping a very special secret! We are delighted to share with you that we have had a baby girl….welcome to the world Colette (Coco) Josephine Williams!! t has been a very long and difficult path to get here, which is why we have kept it on the down low. Family comes in all forms, and this little lady, who is biologically ours, was carried by an incredible surrogate mother, to whom we will be eternally grateful. We are over the moon to have this beautiful baby girl in our lives and so blessed that we live in a world which makes this possible. As with Teddy and Charlie, we ask that you respect Coco’s privacy and allow us to grow into our new team of 5! #TeamWilliams

A post shared by Ayda Field Williams (@aydafieldwilliams) on

44-годишниот пејач и 39-годишната актерка имаат уште две деца, 5-годишната Теодора Роуз Вилијамс и 3-годишниот Чарлтон Валентин Вилијамс. Роби и Ајда се заедно од 2006 година, а стапија во брак во август 2010 година.

Роби Вилијамс и Ајда Филд Роби Вилијамс и Ајда Филд Роби Вилијамс и Ајда Филд Роби Вилијамс и Ајда Филд Роби Вилијамс и Ајда Филд Роби Вилијамс и Ајда Филд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20941 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.