Роби Вилијамс го објави спотот за првиот сингл од својот нов албум. Во видеозаписот за песната „Candy“, Роби станува ангел чувар и витез.
38-годишниот пејач уништува сè што стои на патот на неговата сакана. „Тоа е летна песна за девојка која си мисли дека е неверојатна“ – изјавил Роби.
„Candy“ е дел од претстојниот деветти музички албум на Роби, „Take the Crown“.