Тејлор Свифт ја изведе новата песна „Ronan“ за време на настанот „Stand Up To Cancer“, чија цел е собирање на средства за финансирање на истражувањата за пронаоѓање лек против рак.
Емотивната балада му е посветена на 4-годишното момче Ронан, кое ја изгубило битката против рак. Песната е напишана од самата Тејлор и мајката на Ронан, Маја Томпсон. Приходите од продажбата на песната се наменети за хуманитарни цели.
На сцената настапи и Алиша Кис со песната „Not Even The King“.
Меѓу славните личности кои го поддржаа настанот се Гвинет Палтроу, Хали Бери, Џастин Тимберлејк, Џесика Бил, Џулија Робертс, Мајкл Даглас, Софија Вергара и Мет Дејмон.