Синоќа во Њујорк се одржа доделувањето на наградите Тони. На свеченоста беа наградени најдобрите на театарската сцена.
На црвениот тепих многу славни дами шармираа во елегантни дизајнерски креации. Лупита Нионго избра колоритен фустан со богата текстура од Џејсон Ву. Луси Лу изгледаше како модерна принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад, Алисон Вилијамс носеше бел костум од DKNY, а Мери Елизабет Вонстед блескаше во креација од високата мода на Мурад.
Оценете го стилскиот избор на гостинките: