Бен Афлек ги следи интересите на своите деца и редовно поминува квалитетно време со нив. Иако во 2018 година се разведе со Џенифер Гарнер, тие имаат заедничко старателство врз децата и заедно ги слават празниците и важните настани.
52-годишниот актер беше фотографиран со синот Семјуел додека од првиот ред навиваа за Лос Анџелес Лејкерс. Тие разговара и концентрирано ја следеа играта на омилениот кошаркарски тим. 12-годишното момче носеше спортски дрес од Лејкерси, додека славниот Оскаровец беше облечен во бежова комбинација со палто.








Бен има уште две други деца со бившата сопруга Џенифер.

По разводот од Џенифер Лопез, тој максимално е посветен на децата, на глумата и на режисерските ангажмани.
