Игор Иванов направи прекрасен и хуман гест преку кој ќе им помогне на лица со попреченост од Велес.
33-годишниот фудбалски судија оваа година го фати Светиот крст во Велес, а собраните пари ги искористи за да купи справа за вежбање која ја подари во Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“.

Игор беше најсреќниот меѓу скокачите кои на големиот христијански празник Богојавление Водици скокнаа во водите на Вардар.
Иванов е семеен човек, сопруг и татко на три деца.
„Годинава ми е среќна година, на Божиќ ми се роди ќерка. Нека е среќна и бериќетна за сите“ - истакна тој по фаќањето на крстот.