Џенифер Лопез беше поканета на Tony Awards за да додели една од престижните награди наменети за најдобрите на театарската сцена.
45-годишната ѕвезда зачекори на црвениот тепих во гламурозен син фустан со златни детали од модната куќа Валентино. Креацијата е дело на дизајнерите Марија Грација Киури и Пјер Паоло Пичоли, а е дел од колекцијата висока мода за сезоната пролет/лето 2015.
Својот стајлинг, Лопез го надополни со чантичка од Џими Чу, накит од Хари Винстон и обувки од Кристијан Лобутин.
Џенифер неодамна одлучи привремено да се откаже од надградбата на коса и ги изненади фановите со боб фризура.
Само неколку часа пред церемонијата, популарната актерка и пејачка беше „уловена“ во лежерно издание на прошетка со своите близначиња.
Претходно Џенифер беше фотографирана на снимањето на својата нова серија „Shades of Blue“ во Њујорк.