Мексиканската ѕвезда Талија присуствуваше на синоќешното доделување на театарските награди Тони во Њујорк.
44-годишната актерка и пејачка, која кај нас се прослави со улогата на Росалинда во истоимената серија, привлекуваше погледи во златен елегантен фустан од доминиканската дизајнерка Лусија Родригез и обувки и накит од сопствената колекција.
На настанот, Талија пристигна со својот сопруг Томи Мотола, кој позираше со неа и на црвениот тепих. Парот е во брак од 2000 година и има две деца.