Блиските на Фросина Кулакова се неутешни и тагуваат за нејзината прерана смрт, а заедно со нив тагува и Македонија.
Момчето на надежната дизајнерка се огласи на социјалните мрежи за да го искаже својот револт.
Петар Ристов напиша емотивен текст во кој најави дека ќе се бори за правда сè додека истата не биде задоволена. Тој објави и компилација со фотографии и видеа со Фросина, чиј живот згасна како последица на сообраќајна несреќа предизвикана од 20-годишен пијан возач без возачка дозвола, кој помина на црвено светло кај Силбо во Скопје и ја прегази на пешачки премин.
Еве го неговиот текст:
Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме. Нашите планови ги срушија за миг.
Ти беше личност полна со љубов и разбирање за секој еден и секогаш борбена до крај сè додека не си ја постигнеше зацртаната цел. Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, а ние овде ќе се бориме до последен здив ПРАВДАТА за тебе да биде задоволена и монструмот кој те покоси и нè зацрни да си ја добие заслужената казна. Знам дека баш ти ни ја даваш оваа сила од горе за да станеме и да се бориме против сите кои придонесоа тебе да те снема на ваков суров начин.
Знај дека беше и вечно ќе останеш најсакана АНГЕЛУ мој.
ФОТО: Instagram / Петар Ристов