Хенри Кавил и Натали Вискусо бликаат од среќа. 41-годишниот холивудски заводник и неговата сакана се појавија за првпат на црвениот тепих по нивната веридба и доаѓањето на овој свет на нивното прво детенце.
На доделувањето на AACTA Awards, парот изгледаше елегантно додека позираше пред фоторепортерите. На раката на Натали блескаше големиот веренички прстен.
Минатиот месец, Хенри и Натали за првпат беа фотографирани на прошетка со бебенцето.Тие се заедно од 2021 година.