Почетна » Новости » Животни стории » Виктор Николоски, кој имаше тумор на главата, опериран и се опоравува благодарение на хуманоста на граѓаните

Виктор Николоски, кој имаше тумор на главата, опериран и се опоравува благодарение на хуманоста на граѓаните

Виктор Николоски од Прилеп, за кого се собираа средства преку апел за помош, веќе е опериран и се опоравува.

26-годишниот татко на четиримесечно бебенце, кој боледуваше од тумор на главата, ја собра потребната сума за итна операција во Турција, благодарение на хуманоста на македонските граѓани кои брзо реагираа на апелот.

Виктор Николоски Виктор Николоски

Виктор напиша објава на Facebook во која им се заблагодари на сите хумани луѓе кои му подадоа рака во најтешките моменти. Тој вели дека таа помош му даде надеж и сила дека не е сам во неговата борба и му докажа дека добрината сè уште постои.

Виктор Николоски

Еве го неговиот пост полн со благодарност:

Благодарност од срце

Драги пријатели, познати, непознати хумани луѓе и сите што ми подадовте рака во најтешките моменти потребната сума е собрана.

Благодарност до Фондација Павел Андреев Македонија, до Општина Прилеп, до сите граѓани на општина Прилеп кои се заложивте за мене и моето семејство.

Од дното на срцето ви благодарам за вашата несебична поддршка, љубов и дарежливост. Благодарение на вашите донации, мојата операција беше изведена на 30.01.2025, професорот презадоволен од направеното, патологијата мора да ја чекаме некои 2 недели за да знаеме што понатаму и сега сум во процес на опоравување.

Не постојат доволно зборови со кои би можел да ја искажам мојата благодарност. Вашата помош ми даде надеж, сила и верба дека не сум сам во оваа борба. Вие сте доказ дека хуманоста и добрината сè уште постојат, и секој ваш гест значеше неизмерно многу за мене и моето семејство.

Се надевам дека еден ден ќе можам да ја вратам оваа добрина на некој друг кој ќе има потреба, исто како што вие ми помогнавте мене. Нека вашата добрина ви се врати со многу среќа, здравје и љубов.

Со огромна благодарност,

Виктор Николоски

Виктор Николоски Виктор Николоски Виктор Николоски Виктор Николоски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22407 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.