Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Долгоногата Жизел Бундхен за „Vogue“ UK

ФОТО: Долгоногата Жизел Бундхен за „Vogue“ UK

Жизел Бундхен е сексапилна сафари девојка во едиторијалот „Force Field“ на британскиот „Vogue“.

За фотографиите се погрижи реномираниот фотограф Марио Тестино, кој за Бундхен има само убави зборови. „Никој не го познава своето тело како Жизел. Таа носи живот, таа е струја“ – вели тој.

Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен

Во интервјуто за списанието, Жизел признала дека како мајка се стреми секогаш да си стои на зборот. „Доаѓам од голема фамилија и моите родители се прекрасни. Но, најважното нешто за мене како мајка е да си стојам на зборот. Кога велам „не“, мислам „не“. Секогаш велам дека децата го имаат целото време на светот за да го бараат она што го сакаат, но тие се паметни и ако им ги исполнам желбите, тие ќе научат дека можат да го искористат тоа“ – објаснила 34-годишната Бразилка.

Жизел Бундхен Жизел Бундхен

Бундхен зборувала и за поврзаноста со сопругот Том Брејди. „Веднаш знаев дека Том е вистинскиот. Можев да видам во неговите очи дека тој е маж со интегритет, кој верува во истите нешта како и јас“ – изјавила таа.

Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен

За корицата на мартовското издание на модното списание, долгоногата манекенка позираше во војничко зелена креација од Шанел.

Жизел Бундхен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20827 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.