Жизел Бундхен повторно запеа за „H&M“. Во новото видео за шведскиот моден бренд, 33-годишната Бразилка носи бикини додека ја пее „Heart od Glass“ од Blondie.
Новата верзија на големиот хит е снимена под продуцентската палка на Боб Синклер, а заработката од неа ќе биде донирана на УНИЦЕФ.
Минатата година Жизел за „H&M“ ја препеа „All Day and All of the Night“ од The Kinks.