На 5-годишна возраст повеќето деца не се интересираат за ништо друго освен за игри и дружење со врсниците, но внуката на Жизел, Дуда Бундхен, уште од мали нозе мисли на бизнис и сериозно се пробива во растечката модна индустрија.
Малото девојче минатата година стана рекламно лице на брендот за детска облека „Brandili Mundi“, а соработката била толку успешна што компанијата одлучила да ѝ даде можност на Дуда да ја создаде својата прва колекција облека.

Ако си мислите дека слатката внука на Жизел пасивно чекала да се појави колекцијата и само ѝ го дала своето име, се лажете. Од компанијата тврдат дека Дуда активно учествувала во процесот на дизајнирање и создавање на колекцијата.


„Таа ни ги кажа своите преференции во однос на принтови, кројки и детали и врз основа на тоа што го добивме од неа, направивме заедничка колекција. Сите парчиња беа одобрени од Дуда, чија романтична инспирација сигурно ќе го фати погледот на девојчињата“ – изјавил Германо Коста, комерцијалниот и маркетинг директор на „Brandili Textil“.

Рекламната кампања за колекцијата била снимана во родниот град на Дуда, Порто Алегре, под надзор на 30 професионалци (мејкап артисти, фотографи и помошници). На снимањето биле присутни и родителите на Дуда.
Погледнете како изгледа слатката внука на Жизел Бундхен во својата прва колекција: