Жизел Бундхен има мали лекции за женскиот пол. Во новата рекламна кампања за брендот за долна облека Hope, 31-годишната манекенка ги подучува жените како да му соопштуваат лоша вест на својот сакан. Трикот е... по долна облека.
Во кратките реклами Жизел му кажува на саканиот дека го удрила автомобилот, дека ја испразнила банкарската сметка и дека нејзината мајка ќе се всели да живее со нив.
Прво е покажана како ги соопштува лошите вести облечена, при што на екранот излегува знак дека методот е погрешен. Потоа Жизел се појавува по долна облека и со заводлив глас ги изговара лошите вести, што според креаторите на кампањата е правилен метод.
Погледнете ги рекламите: