Почетна » Новости » Мода » Жизел Бундхен е новото заштитно лице на парфемот Chanel N°5

Жизел Бундхен е новото заштитно лице на парфемот Chanel N°5

Жизел Бундхен ќе биде ѕвездата во новата рекламна кампања за легендарниот парфем Chanel N°5.

Француската модна куќа, која и досега има соработувано со најплатената манекенка, соопшти дека изборот паднал токму на Жизел поради „нејзината природна убавина и модерна женственост“.

Жизел БундхенЖизел во реклама за Chanel Les Beiges

Режисер на новиот моден проект ќе биде Баз Лурман, којшто стои зад гламурозните филмови „Romeo + Juliet“, „Moulin Rouge!“ и „The Great Gatsby“. Ако се земе предвид стремежот на Лурман кон раскош и екстраваганција, тогаш можеме да очекуваме незаборавна реклама.

Претходно заштитни лица на Chanel N°5 беа Мерилин Монро, Никол Кидман и Одри Тоту, а Бред Пит беше првиот маж кој го рекламираше култниот парфем.

Chanel No 5 Chanel No 5 Chanel No 5 Chanel No 5

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.