Викторија Бекам е најдоброто рекламно лице за сопствениот бренд. 45-годишната дизајнерка редовно носи креации од своето атејле, со што ги промовира актуелните и претстојните колекции.
За прекуокеанското патување до Њујорк, таа не направи исклучок, веројатно затоа што многу добро знае дека сигурно ќе налета на група папараци на аеродромот Џон Ф. Кенеди.
Во есенската комбинација, таа вклопи и високи чизми со отворени прсти. Станува збор за модел кој во изминатиов период ѝ е задолжителен елемент во стајлинзите.