Викторија Бекам е дотерана од глава до пети, дури и кога патува.
Славната дизајнерка беше фотографирана додека се упатуваше кон железничката станица „St. Pancras“.
Сивиот комплет со здолниште со високи шлицови, Бекам го надополни со бела кошула, а во својот стајлинг внесе впечатлива виолетова боја преку чантата и обувките.