• Вторник, 29 Ноември 2016 11:01
Помеѓу нас има личности кои уште при доаѓањето на овој свет ја воделе најтешката битка во својот живот за да прераснат во прекрасни индивидуи. Предвремено родените бебенца се мали херои кои инспирираат со својата желба за живот.
Во чест на предвреме родените бебиња кои се избориле за својот живот, во САД ноември е прогласен за Месец на прематуритетот. Голем број родители споделија фотографии „пред и потоа“ од своите малечки како изгледале кога се родиле, а како изгледаат сега. Лево се малите херои во оддел за интензивна нега, а десно се пораснати и насмеани.
Светскиот ден на прематуритетот се слави на 17 ноември.
Родени во 29. недела од бременоста. Дилан поминал 100 дена во оддел за интензивна нега, а Елизабет 80 дена.
Емили Миа е родена во 23. недела од бременоста. Во јануари ќе наполни 3 години.
Девојчето е родено во 23. недела од бременоста и помина 4 месеци во оддел за интензивна нега. Сега има 3 години.
Лукас е роден во 27. недела. Сега има 2 години.
Моника е родена во 24. недела.
Девојчето е родено во 25 недела, помина 140 дена во оддел за интензивна нега. Сега има 6 години.
Пенелопе е родена во 34 недела. Сега има 5 години.
Едвин е роден во 35. недела од бременоста. Во март ќе наполни 2 години.
Џек е роден 7 недели предвреме.
Рајли Хопер е родена во 28. недела од бременоста. „По 16 недели поминати во оддел за интензивна нега, таа сега е среќно, здраво, забавно и талентирано 6-годишно девојче“.
Близнаците Мајлс и Ембри се родени во 29. недела од бременоста и поминаа 41 ден во оддел за интензивна нега. Сега имаат 9 месеци.
Атлас е роден во 25. недела од бременоста. Во април ќе наполни 2 години.
Брејден е роден во 27. недела и помина 4 месеци во оддел за интензивна нега.
Брикстон е роден во 36. недела, а сега е енергично и паметно три и пол годишно момче.
Скарлет е родена во 33. недела од бременоста. На втората фотографија има 2 години.
Емерсин Грејс е родена во 34. недела од бременоста.
Бебенцето е родено во 26. недела, а сега има 7 години.
Џоела и нејзиниот брат се родени во 23. недела. За жал, Тобијас не преживеа, а Џоела денес има 2 години.
Диглан е роден во 29. недела од бременоста и помина 6 недели во оддел за интензивна нега.
Купер е роден во 31. недела, а сега има 4 години.
Еден и нејзината сестричка се родиле во 24. недела од бременоста. За жал, сестра ѝ се родила мртва, но Иден помина низ многу предизвици и операции и се избори за својот живот. Сега има 7 години.