Некои бебиња уште од својот прв здив ја водат најтешката битка – битката за живот.
Предвреме родените бебиња најчесто се соочуваат со бројни здравствени предизвици и ги минуваат првите месеци од животот на одделите за неонатологија. Сосема е оправдана огромната гордост на нивните родители кога тие ќе ги надминат пречките на својот пат за да се претворат во слатки мали индивидуи.
Мајки и татковци од целиот свет споделуваат фотографии „пред и потоа“ од нивните предвреме родени деца за да им влеат надеж на оние кои се наоѓаат во слична ситуација.
Во светски рамки, едно на десет бебиња се раѓа предвреме.
Ганер се роди два месеци предвреме и тежеше 900 грама.
Лили се роди во 22-рата недела од бременоста и докторите не очекуваа дека ќе преживее.
Ештон се роди во 30-тата недела со тежина од 1,5 килограм.
Даниел се роди во 24. недела. Таа имала крварење во мозокот и хронична болест на белите дробови, поради што докторите ѝ дале само 5% шанси за да преживее. Сега има 23 години и неодамна учествуваше на изборот на Мис на Велика Британија.
Шарлин се роди во 26 недела и помина 114 дена на оддел за интензивна нега.
Ајвери се роди на 21 недела и 6 дена со тежина од само 350 грама. Првите 7 месеци од својот живот ги помина на болница, но сега е дома со своето семејство.
Џек и Рори се родија во 25-тата недела.
Лохлан и Лекс се родени три и пол месеци предвреме.
Виена Елизабет се роди 4 месеци предвреме, во 5-тиот месец од бременоста на мајка си. Таа тежеше 450 грама, не можеше да дише сама и имаше мали шанси да преживее. Првите 9 месеци од животот ги помина на болница и си отиде дома со тежина од 7,7 килограми.
Александар се роди на 23 недели и 4 дена, тежок само 650 грама. Сега има две години.