Почетна » Новости » Занимливости » Софи, сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо, има коронавирус, и двајцата се во само-изолација

Софи, сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо, има коронавирус, и двајцата се во само-изолација

Софи Трудо е позитивна на коронавирусот.

44-годишната сопруга на премиерот на Канада, Џастин Трудо, синоќа беше тестирана за вирусот откако добила благи симптоми на грип. Пред да ѝ се појават симптомите, таа била на патување во Велика Британија.

Веста ја сподели Џастин, кој на Twitter напиша: „Имам вест која сакам да ја споделам вечерва. За жал, резултатите на Софи од тестот за КОВИД-19 се позитивни. Поради тоа, таа ќе биде во карантин на одредено време. Нејзините симптоми остануваат благи и таа се грижи за себе и ги следи советите на нашиот доктор“.

Трудо

Џастин засега нема никакви симптоми на вирусот и поради тоа не е тестиран, но ќе биде во само-изолација 14 дена. Трудо е првиот државен лидер кој е во изолација.

Трудо

До сите мои пријатели, семејството, саканите Канаѓани и сојузниците насекаде,

Прво, би сакала да им се заблагодарам на сите кои ме контактиравте за да ме прашате како сум. Иако искусувам неудобни симптоми на вирусот, набрзо ќе застанам на нозе. Тоа што сум во карантин дома не е ништо во споредба со други канадски семејства кои поминуваат низ ова и со оние кои имаат посериозни здравствени компликации.

Заедно ќе ја надминеме оваа ситуација. Ве молам споделувајте ги фактите и сериозно сфатете го вашето здравје.

Ви ја испраќам мојата храброст и топли мисли (и прегратки за оздравување, но само оддалеку).

Софи

Џастин и Софи се родители на три деца.

Трудо Трудо Трудо Трудо Трудо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19751 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.