Џастин Трудо моментално е во официјална посета на Индија. Канадскиот премиер е придружуван од своето семејство.
46-годишниот политичар заедно со 42-годишната сопруга Софи и трите мали деца посети бројни знаменитости, вклучувајќи ги и Таџ Махал и домот на Махатма Ганди.
Џастин и Софи се познаваат уште од детството, но нивната врска ја започнаа во 2003 година. Тие се верија во 2004 година, а стапија во брак во една година подоцна.
Нивниот син Хавиер Џејмс е роден во 2007 година, ќерка им Ела-Грејс Маргарет дојде на овој свет во 2009 година, а го добија синчето Хадриен пред четири години.