Почетна » Новости » Актуелно » Канадскиот премиер Џастин Трудо се разведува од сопругата Софи по 18 години брак

Канадскиот премиер Џастин Трудо се разведува од сопругата Софи по 18 години брак

Џастин Трудо и Софи Грегоар се разведуваат. Бракот на канадскиот премиер и поранешната водителка завршува по 18 години заеднички живот.

Веста за разделбата ја соопшти Трудо преку официјално соопштение.

„Здраво на сите, Софи и јас би сакале да го споделиме фактот дека по многу значајни и тешки разговори одлучивме да се разделиме. Како и секогаш, ќе останеме блиско семејство со длабока љубов и почит еден кон друг за сè што имаме изградено и што продолжуваме да градиме. За доброто на нашите деца, ве замолуваме да ја почитувате нашата и нивната приватност. Ви благодарам“ – стои во соопштението.

Џастин и Софи Трудо

Џастин и Софи се познаваат уште од детството, а нивната врска ја започнаа во 2003 година. Тие се верија во 2004 година, а стапија во брак во една година подоцна.

Тие заедно имаат три деца. Нивниот син Хавиер Џејмс е роден во 2007 година, ќерка им Ела-Грејс Маргарет дојде на овој свет во 2009 година, а го добија синот Хадриен во 2014 година.

Џастин и Софи Трудо Џастин и Софи Трудо Џастин и Софи Трудо Џастин и Софи Трудо Џастин и Софи Трудо Џастин и Софи Трудо Џастин и Софи Трудо Џастин и Софи Трудо

Џастин е на функцијата премиер на Канада од 2015 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19749 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.