За да се среќни и за да учат низ игра, децата немаат потреба од скапи играчки.
Мајка од Лондон сама им прави на децата предмети во мини верзија, користејќи ја својата креативност и неупотребливи картонски кутии кои инаку би завршиле во отпад.
Сидни Пирси ја започнала оваа активност како начин да ги забавува децата од соседството за време на карантинот, но откако нејзините деца пројавиле интерес, таа започнала да вложува уште повеќе труд. Пирси до детали ги пресоздава апаратите од домаќинството и белата техника, како и секојдневни предмети, за безбедно да ги научи нејзините малечки како правилно да ги употребуваат.
Можеби нејзините креации не се совршени, но може да се види дека се правени со љубов и страст.