Почетна » Новости » Занимливости » 1 на 60 милиони: Мајката која природно забремени со 5 бебиња ги покажа своите малечки

1 на 60 милиони: Мајката која природно забремени со 5 бебиња ги покажа своите малечки

Ким Тучи пред неколку месеци ни го привлече вниманието со прекрасната фотосесија на плажа, но и нè исполни со почит кон женското тело, бидејќи таа во своето носеше 5 природно зачнати бебиња. Шансите да се случи тоа се 1 на 60 милиони.

Ким Тучи Ким Тучи

26-годишната Австралијка им посака добредојде на своите пет деца на крајот на јануари, пред да влезе во 30. недела од бременоста. Пред неколку часа, Ким ја објави првата фотографија од своите малечки. На неа, синот Кит и четирите ќерки Тифани, Пенелопе, Беатрикс и Алисон мирно лежат во своите транспортери, подготвени за медицински преглед. Подоцна, таа објави уште една фотографија на која позира со своите деца.

Ким Тучи Ким Тучи

Неодамна, Ким и нејзиниот сопруг Воун снимија емисија за животот со пет бебиња и две поголеми деца. Во неа, исплашената мајка зборувала дека сè уште не се чувствува подготвена да ја напушти куќата со целото семејство и дека некогаш се заклучува и плаче на подот од бањата, зашто ѝ треба уште време за да се адаптира на новиот живот.

Видео

Ким Тучи Ким Тучи

Парот има задача да промени 350 пелени неделно, а секое од бебињата се храни 8 пати дневно, што значи дека за сите бебиња се потребни 40 шишиња млеко дневно. Сепак тоа го постигнуваат со помош на роднини и волонтери.

И покрај напорната работа, Ким вели дека се посреќни отсекогаш и дека не можат да си го замислат животот без нивните мали чуда.

Видео

Патот до зачнувањето на Ким Тучи и сопругот Воун не бил едноставен. Тие веќе имале две ќерки кога одлучиле да се обидат да зачнат трето дете, за кое Ким се надевала дека ќе биде машко. По месеци неуспешни обиди за зачнување, во март минатата година, 26-годишната Австралијка добила дијагноза ендометриоза, како и вест дека нејзините црева биле слепени за лузната од претходниот царски рез и дека имала зголемен десен јајник.

Сепак, парот не се откажал од својата желба да има син. Неколку месеци по добивањето на дијагнозата, Ким го видела посакуваниот позитивен тест за бременост. Но, најслаткото изненадување допрва претстоело.

„Главната докторка дојде да ме прегледа и започна да брои ЕДНО, ДВЕ, ТРИ, ЧЕТИРИ, ПЕТ!!! Дали слушнав правилно? ПЕТ? Нозете започнаа да ми се тресат неконтролирано и сè што можев да направам беше да се смеам. Време е да му се јавам на сопругот. Мислам дека не ми веруваше на почетокот, но брзо допатува до собата за ултразвук. Можев да му ја видам возбудата на лицето кога ми рече: Можеме да го направиме ова“ – напиша Ким на својата страница на Facebook.

Ким Тучи

Поради ризикот за бебињата и за здравјето на мајката, на Тучи ѝ била дадена можност да задржи само две од бебињата на кои да им даде најдобра шанса за преживување, но таа храбро одлучила да ги роди сите пет.

И не згрешила, бидејќи сите бебиња се во одлична здравствена состојба.

Ким Тучи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20904 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.