Почетна » Новости » Занимливости » 10 нешта кои ги учиш кога растеш со силна мајка

10 нешта кои ги учиш кога растеш со силна мајка

Сите се огледуваме на мајките и свесно или несвесно, примаме многу нивни навики, манири и карактеристики.

Младата авторка Ранија Наим напиша текст со лекции кои ги научила од нејзината силна мајка во текот на годините.

Мајка и ќерка

Ќе научиш колку вреди независноста. Не ти треба маж за да те спаси или некој за да се грижи за тебе. Преку пример ќе научиш дека си способна да живееш исполнет и среќен живот без да треба да го споделуваш со некој друг. Ќе научиш дека можеш да изградиш дом, да израснеш деца, да готвиш, да миеш садови, и сето тоа додека имаш успешна кариера. На некој начин ќе научиш како да бидеш супер жена.

Ќе научиш што значи безусловна љубов. Ја гледаше мајка ти како си го жртвуваше нејзиното време, здравје и младост за тебе и за твоите браќа и сестри, без да се пожали или да кука колку многу страдала додека го правела тоа. Секогаш имала насмевка на лицето и била среќна додека давала повеќе и повеќе од себе. Таа те научи како изгледа несебична и безусловна љубов и ти знаеш дека нема да можеш да ја пронајдеш таа љубов на ниту едно друго место.

Ќе научиш како да се сакаш себеси. Ќе научиш како да бегаш од нештата кои не се за тебе, како да чекориш понатаму кога целиот свет е против тебе и како да веруваш во себе кога сите останати се сомневаат во тебе. Ќе научиш дека лошите оценки, скршеното срце и неуспесите не те дефинираат. Она што те дефинира е како ќе им возвратиш на ударите и колку силно ќе се бориш за да го имаш животот кој го посакуваш.

Ќе научиш дека можеш да бидеш истовремено и силна и нежна. Силните мајки најчесто се многу чувствителни, само што подобро го кријат тоа од другите. Си ја видела мајка ти како тивко плаче поради твојата болка, како бдеела навечер за да се грижи за тебе кога си била болна, како не можела да заспие зашто нешто те мачело. И понекогаш, како во тивок агол лее солзи.

Ќе научиш дека не е лесно да си жена. Ќе научиш дека твоето мислење ќе биде отфрлано, дека нема да бидеш сфаќана сериозно кога всушност си, но исто така ќе научиш дека можеш да се издвоиш од толпата и да ги присилиш сите да го слушаат твојот глас и да ги прифатат твоите идеи. Ќе научиш дека она што не те убива, те прави посилна.

Ќе научиш никогаш да не погледнуваш назад. Ќе научиш да не си велиш „што ќе беше ако“ или „можеше да биде поинаку“. Ќе научиш да не погледнуваш назад и да се прашуваш зошто животот ти се превртил наопаку. Едноставно ќе гледаш напред и ќе дозволиш минатото самото да се поправи. Ќе научиш дека сè што се случило те довело онаму каде што припаѓаш, дури и ако не е она што си го посакувала.

Ќе ја научиш важноста на трпението и вербата. Ќе научиш дека Бог се грижи за тебе и за твоите битки и дека сè ќе биде ОК на крајот. Невремето ќе помине и утре е нов ден. Ќе научиш да бидеш трпелива со животот, трпелива со времето, трпелива со успехот и трпелива со проблемите. Ќе научиш дека трпението е сила.

Ќе научиш да ја создаваш сопствената среќа. Можеш да пронајдеш среќа и во тешкиот живот. Можеш да бидеш среќна дури и кога го носиш целиот свет на рамена. Мајка ми ме научи дека секогаш можам да најдам причина за да се смеам.

Ќе научиш дека таа знае повеќе за љубовта од тебе. Дури и ако сте различни генерации, дури и ако не ги знаеш нејзините љубовни избори, дури и ако не одобрува некого, подобро е да ја послушаш. Таа знае што зборува, што е уште поважно, таа не сака да те види повредена. Колку и да мразиш да го признаеш тоа, таа секојпат е во право.

Ќе научиш како да бидеш добра мајка. Те пораснала мајка која ти покажала како вистински да се грижиш за семејството, која ти покажала дека напорната работа се исплаќа, која ти покажала дека можеш да сакаш некого безусловно. Ти покажала како да бидеш заштитник, како да сочувствуваш, како да бидеш силна, грижлива и бестрашна. Те насочуваше преку свој пример и без разлика дали го знаеш тоа или не, ти ги следиш нејзините стапки, чекор по чекор.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20923 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.