Почетна » Новости » Занимливости » 1 на 20 милијарди: 46-годишна жена роди идентична тројка и вели дека тоа е вистинско чудо

1 на 20 милијарди: 46-годишна жена роди идентична тројка и вели дека тоа е вистинско чудо

Мајка природно забремени со идентична тројка на 46-годишна возраст откако имала три неуспешни ин витро постапки и ѝ било кажано дека јајце-клетките ѝ се премногу стари.

Одри Тибериус им посака добредојде на овој свет на трите синчиња Скај, Ривер и Беј во март оваа година. Пред да ја роди тројката, таа била мајка на 4 момчиња, но сакала да има уште деца.

Одри Тибериус Одри Тибериус Одри Тибериус

По години борба со неплодноста, Одри и сопругот Тајлер решиле да се обидат со ин витро оплодување. Направиле три рунди, но сите биле неуспешни, па докторите им рекле дека шансите за бременост со ин витро се само 10%.

„Посетив доктор пред неколку години и ми рекоа дека нема да можам да имам повеќе деца, дека јајце-клетките ми се премногу стари. Направивме три инвитра и сите беа неуспешни“ – рекла Одри, која мислела дека забременувањето во петтата деценија од животот не е голем проблем.

„Не сфаќав дека постарите славни личности најчесто користат замрзнати јајце-клетки или јајце-клетки од донор“ – објаснила таа.

Одри забременила природно на 46-годишна возраст. Среќната мајка на седум момчиња ги нарекува трите бебиња „чудо“ и ако се земе предвид статистиката тие навистина се реткост.

Одри Тибериус Одри Тибериус

„Најголемиот број експерти сметаа дека шансите за идентична тројка се 1 на 200 милиони раѓања. Разговарав со статистичар и се покажа дека шансите 45-годишна жена да има идентична тројка се 1 на 20 милијарди. Ова статистички е толку малку веројатно и нема друг начин да се објасни освен како чудо“ – објаснува таа.

Одри испумпува млеко 7 часа дневно и во моментов бара донори на мајчино млеко за да може да поминува повеќе време со своите 7 деца.

„Отсекогаш го имав бројот седум на ум – тоа отсекогаш ми беше број од соништата. Но, не мислев дека може да ми се случи мене поради мојата возраст. Се молев моите бебиња да бидат безбедни и да ги родам кога ќе дојде време и токму тоа се случи“ – додава таа.

Одри Тибериус

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.