Момче со аутизам работело 700 часа и искористило 56 илјади коцки за да ја создаде најголемата LEGO реплика на Титаник на светот.
Бринјар Карл Биргисон имал само десет години кога започнал да ја создава својата мини верзија од бродот кој потона пред 108 години, а крајниот резултат е за восхит.
Секој ден, цели 11 месеци, по завршувањето на часовите Биргисон работел по 3-4 часа на својата реплика. Во работата му помагале баба му и мајка му, која иницирала апел за собирање средства за да ги купат потребните коцки.
Надареното момче од Исланд, кое сега има 17 години, уште од мали нозе обожавало да создава и гради објекти од коцки. Но, Бринјар вели дека токму овој проект му го промени животот.
„Уште од рана возраст, ЛЕГО коцките се важен дел од мојот живот. Поради моите сиромашни друштвени и комуникациски вештини, отсекогаш си играв сам, па LEGO коцките станаа мој најдобар пријател. Додека градев со нив, јас ја користев и развивав мојата имагинација и мојата креативност. Не се сеќавам да сум се чувствувал осамено, секогаш бев зафатен создавајќи нешто“.
„Сега сум втора година во средно училиште и имам цел еден ден да станам капетан. Ми беше дијагностициран аутизам на 5-годишна возраст. Додека растев немав пријатели поради лошата комуникација, но сега имам навистина добри пријатели и ги развив моите комуникациски вештини, па немам проблем со тоа“ – објаснува Бринјар.