Фановите на „Титаник“ не останаа рамнодушни на фотографиите и видеата од Леонардо Дикаприо и Кејт Винслет на доделувањето на Оскарите.
Носталгичните обожаватели непрекинато коментираат на социјалните мрежи за средбата на популарните актери на црвениот тепих и реакцијата на Винслет кога конечно во рацете на Дикаприо заврши златна статуетка.
Кејт не ја криеше радоста за големата победа на својот колега.
Леонардо и Кејт на црвениот тепих
KATE'S REACTION WHEN SHE SAW LEO OMGpic.twitter.com/mYjVrRGLT0
— Common White Girl (@girlposts) February 29, 2016
На интернет веднаш започнаа да кружат фотографии од славното дуо од синоќешната средба и од пред 18 години кога „Титаник“ го освои светот.