Почетна » Новости » Занимливости » Ќе ве освои: 13-годишно слепо девојче со аутизам победи во шоуто „The Piano“

Ќе ве освои: 13-годишно слепо девојче со аутизам победи во шоуто „The Piano“

Слепо и аутистично девојче победи во британското шоу „The Piano“.

Луси

13-годишната Луси го одушеви жирито кое беше во потрага да го пронајде најдобриот пијанист-аматер. Девојчето родено со канцерогени тумори на очите ја изведе „Арабеска“ бр. 1 на Дебиси и им ги освои срцата на присутните.

„Отсекогаш знаев дека еден ден таа ќе се најде на големата сцена“ – рече Кендис, мајката на Луси. „Го видовте во мојата ќерка она што јас го гледав со години“ – додаде таа, обраќајќи им се на продуцентите.

Луси

Луси првпат седнала да свири пијано на 2 години, а од 3-годишна возраст започнала да посетува часови преку добротворна организација.

„Дома имавме многу музички играчки, но Луси не само што ги притискаше копчињата, туку создаваше ритам и музика. Мислев дека тоа е интересно. Од книга со бајки со пијано на неа, таа започна да ја свири ‘Twinkle Twinkle Little Star’, но на совршен начин. Тоа беше неверојатен момент“ – раскажала мајката.

Луси Луси

Откако семејството купило пијано, открило дека Луси компонира музика додека седи на каучот и дека може да отсвири песна која ја слушнала само еднаш.

Луси Луси

„Многу се гордеам со моето девојче“ – рекла Кендис.

Луси

Во финалето, Луси се натпреваруваше со уште тројца пијанисти кои настапија со свои композиции.

Луси Луси

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.