20 години по премиерата на „Титаник“, главните ѕвезди од култниот филм се обединија на едно место. Кејт Винслет и Били Зејн присуствуваа на хуманитарната гала на Леонардо Дикаприо која синоќа се одржа во Сен Тропе.
Славното трио позираше заедно, а фотографија од нивната дружба објави Зејн на својот профил на Instagram.
„Бандата повторно заедно. Сега спасуваме санти мраз“ – напиша 51-годишниот актер во описот.
Леонардо и Кејт понудија на аукција вечера со нив. На добротворниот настан беа собрани 30 милиони долари кои ќе бидат вложени за заштита на животната средина.