Фотографка патува низ светот и ја овековечува прекрасната врска мајка-дете на различни дестинации. Колку и да се различни, мајките секаде имаат клучна улога во животот на нивните малечки.
Михаела Норок со години наназад патува и фотографира мајки и деца од различни држави, опколени со нешта карактеристични за нивната татковина. Раскажувајќи ги нивните приказни, таа стекна голема популарност на социјалните мрежи.
Михаела и самата стана мајка во август 2018 година, а тоа дополнително ја мотивираше да продолжи со проектот. Нејзината мала ќерка Наталија сега е нејзин придружник на патувањата низ светот и досега заедно имаат посетено 28 земји на 6 континенти.
„Мислам дека фотографиите од мајки со деца кажуваат многу. Секогаш има некоја интимна хемија меѓу нив. Ова се преубави моменти“ – вели таа.