Намуртено новороденче стана хит на социјалните мрежи и благодарение на хумористичниот статус на фотографката, насмеа илјадници луѓе.
Фотографијата ја сподели Челзи Ветсел и напиша:
Фотографка сум веќе седум години. Секое раѓање е извонредно на свој начин! Ова породување веројатно беше најлесното кое што сум го видела. Бебето излезе со отворени очи и беше многу свесно.
Кога го ставија на градите на мајка му, сите рековме: „Добре дојде на овој свет малечок“ и сите се смеевме на изразот на лицето што го направи!
Кога си стар само 2 минути и сфаќаш дека 2020 е тотален хаос, но не можеш да се вратиш внатре. Сочувствувам со тебе мали.
Друга мајка, која се породила во мај, сподели фотографија од новородената ќерка со сличен израз на лицето. „Ќерка ми се роди во мај, ова е таа на 20 минути старост“ – напиша таа.
„Син ми се роди на 16 април и исто така не беше многу среќен“ – напиша друга мајка.