Жена од Мали која мислела дека носи седум бебиња, роди девет – пет девојчиња и четири момчиња. Две од бебињата не можеле да се видат на прегледите со ултразвук.
Халима Цисе се породила со царски рез во Мароко, а веста ја потврдил министерот за здравство на Мали, Фанта Сиби. „Новороденчињата (пет девојчиња и четири момчиња) и мајката се добро“ – рекол тој во изјава.
25-годишната родилка била примена во болница на 20 март, а се породила вчера.
Мајката и бебињата ќе се вратат дома по неколку недели.
COMMUNIQUE DU MINISTERE DE LA SANTE ET DU DEVELOPPEMENT SOCIAL SUR L’ACCOUCHEMENT DE MADAME HALIMA CISSE La ministre...
Posted by Ministère de la Santé et du Développement Social on Вторник, 04 мај 2021