Најголем дел од обврските поврзани со грижата за децата ги извршуваат мајките, па тие имаат многу малку или воопшто немаат време за себе. Губењето на идентитетот во текот на мајчинството претставува проблем со кој се соочуваат многу жени, па поради тоа тие не треба да се осудуваат кога ќе побараат време само за себе.
Лаура Маза со текст појасни што значи кога жената ќе побара време за себе, бидејќи тоа често е погрешно толкувано од другите луѓе.
Кога ќе речам дека ми треба одмор, не велам дека не го сакам моето семејство. Велам дека одењето во тоалет, секојпат со публика, може да биде заморно.
Кога ќе речам дека ми треба одмор, не велам дека посакувам да немав деца. Велам дека би било убаво да се нашминкам и да се чувствувам убаво без да ја избришам пудрата од нечии малечки раце.
Кога ќе речам дека ми треба одмор, не велам дека сакам летување, иако тоа би било убаво. Велам дека сакам да се истуширам без да треба да излезам со трчање поради нечие плачење или без да треба да пикнам нечие лице во екранот. Да си ги избричам нозете без публика би било убаво.
Кога ќе речам дека ми треба одмор, не велам дека треба почесто да излегувам. Велам дека би било убаво да не го чувствувам целиот овој ментален товар.
Кога ќе речам дека ми треба одмор, тоа е затоа што се кршам.
Ми треба момент да бидам она што сум. Без одговорноста, притисокот и вината.
Ми треба да се чувствувам како себеси, барем за момент. Тоа е она на кое што мислам кога ќе речам дека ми треба одмор. Ми треба одмор од тоа да му бидам потребна некому за да можам да се чувствувам како себеси.
За да можам да ги склопам повторно моите парчиња и да станам посилна и да бидам мајката која што сакам да бидам.