Пандемијата извесно време ја паузира културата, а потоа наметна строги протоколи кои се голем предизвик за креативците и уметниците.
Документарен запис ни доловува што сè се случуваше зад кулисите во „Националната опера и балет“ за подготовка на делото „Болеро“. Почитувајќи ги протоколите, дванаесет балерини од ансамблот при НОБ, предводени од кореографката Саша Евтимова, посветено и дисциплинирано вежбаа и танцуваа постојано со маски во едни од најтоплите летни денови, за да се подготват за премиерата на „Охридско лето“.
Александар Томовски (Instagram @tomovski.photography) ни дозволува да го погледнеме целиот процес на подготовки.
Видео
Учесници од балетскиот ансамбл: Ангела Богатинова, Медина Јусуфовиќ, Христина Накевска, Илијана Данилов, Ангела Велевска, Мила Ниновска, Бојана Христовска, Ивана Димкоска, Мартина Димовска, Меланија Гоцевска, Андријана Богатиноска, Симона Митовска.