Видеото во кое Сергеј Полунин, еден од најдобрите балетани на светот, изведува елегантна кореографија на хитот на Хозиер „Take Me to Church“ ќе ве одушеви.
Во впечатливиот видеозапис, 25-годишниот Украинец со емоции танцува во празна просторија. Прочуениот фотограф Дејвид Лашапел бил ангажиран за да го долови спиритуалниот ефект кој го создаваат сончевите зраци и убавата природа која го опкружува студиото.
Тетовираниот балетан до 2012 беше еден од главните танчари во британскиот Кралски балет.