Почетна » Новости » Занимливости » 14-годишна муслиманка цели да ги сруши стереотипите и да стане првата балерина со хиџаб на светот

14-годишна муслиманка цели да ги сруши стереотипите и да стане првата балерина со хиџаб на светот

Четиринаесетгодишна муслиманка со голема самодоверба си постави пред себе една цел – да стане првата професионална балерина со хиџаб на светот. Иако многумина демотивирачки ја убедуваат да се откаже, таа смело трча кон остварување на својот сон.

Стефани Курлов Стефани Курлов

Стефани Курлов се занимавала со балет уште од мали нозе, но во 2010 година нејзиниот живот целосно се променил. Семејството на Стефани си ја променило својата религија, прифаќајќи го исламот, па таа истовремено престанала да се занимава со балет, зашто мислела дека нема шанси за професионална балетска кариера.

„Го прифатив исламот во 2010 година и тоа донесе многу позитивни аспекти во мојот живот, но престанав да настапувам, бидејќи сметав дека нема шанси да станам професионална балерина зашто нема установи и услуги кои ги таргетираат девојчињата муслиманки“ – пишува таа на LaunchGood.

Стефани Курлов

Инспирирана од промените на светско ниво и успехот на многу жени муслиманки, Стефани решила да се бори за остварување на својот сон. Таа започна кампања за собирање средства на LaunchGood, кои планира да ги инвестира во отворање на училиште за деца и тинејџери од различни религии и раси, како и во свој личен напредок во балетот.

Целта на Курлов е да покаже дека религијата не треба да биде пречка за практикување на определен спорт и дека талентот не познава вера или раса. „Мојот план е да го здружам светот, станувајќи првата балерина муслиманка, за да можам да инспирирам и многу други луѓе да веруваат во себе и да ги следат своите соништа. Сакам да ги охрабрам сите да се здружат независно од нивната вера, раса или боја на кожата. Да донесам хармонија и свет на прифаќање за следните генерации“ – пишува таа.

Стефани Курлов Стефани Курлов

Сепак, не е сè розово во животот на Стефани. Иако ја има безрезервната поддршка од своето семејство, таа често наидува на демотивирачки коментари и коментари од порадикални муслимани кои тврдат дека танцувањето е „haram“ или недозволено. „Претпоставувам дека тоа е она што ги спречува некои муслимани да ја следат кариерата која ја сакаат, но јас знам дека она што го правам е правилно и ќе продолжам да го правам“ – изјавила таа за The Sydney Morning Herald.

„Често ги добивам оние погледи или тие мали шепотења од луѓе кои ми велат дека не можам да го направам тоа и постојат делови во балетскиот свет каде ме гледаат само по алиштата кои ги носам или верувањата кои ги имам. Но, ова ми значи сè“ – додала таа.

„Не се работи само за тоа јас да станам балерина. Туку за муслиманите да станат инженери или ТВ водители или писатели“ – вели Стефани.

Стефани Курлов Стефани Курлов

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20801 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.