Женското тело е навистина неверојатно.
Мајка од Флорида стоечки го роди своето дете во неколку секунди на паркингот од болницата. За среќа, покрај неа била нејзината бабица, која го фати бебето да не падне на земјата.
Видеото било снимено на камерата на влезната врата од родилниот центар.
ВИДЕО
Сузан Андерсон и нејзиниот сопруг Џозеф биле на пат кон центарот за породување кога таа почувствувала напони. „Додека возевме кон центарот за породување, се свртив кон мојот сопруг и му реков дека морам да напнам. Не мислев дека ќе стигнам до зградата“ – рекла таа.
Сузан ѝ се јавила на бабицата Сандра за да ја извести за нејзината состојба. Сандра веднаш истрчала надвор со ракавици и крпа за да ја пречека родилката.
„Кога стигнавме до првата скала, неговата глава започна да излегува“ – рекла бабицата Сандра, која имала задача ем да им објасни на присутните полициски службеници дека сè е во ред, ем да се грижи за мајката.
„Таа е ОК, јас сум бабица, тука е за да се породи“ – вели таа во видеото.
Сузан планирала да се породи во када со вода.